Линкови
www.teteks.com.mk
www.sandnesgarn.no


Човекот уште од дамнина започнал да ги открива тајните на волната.

Се смета дека уште праисторискиот човек, кој прво ја користел кожата на овците, научил како да произведува волна од нивното руно. Разни производи од волна се пронајдени во Египет и Вавилон, како и кај предците на денешните Британци и Перуанци.

Денес, и по толку многу години, волната сe уште се користи.

Заради нејзините одлични изолациски способности, облеката од волна може да се сретне од екстремно ладните, па сe до врелите пустински предели.

Од неа се произведуваaт и кебиња, килими, таписерии...

А зошто е така?

Затоа што ништо не може да ги замени топлината, удобноста и нежното чувство кои ги дава волната.