|
|
Линкови www.teteks.com.mk www.sandesgarn.no |
 |
|
|
Основни инструкции за плетење
Се започнува со одреден број котелци во широчина. Веднаш се поставуваат котелците за ластико-плетка (2 котелци прави, 2 котелци наопаку). Се плете до одредена височина. Потоа котелците се поставуваат за права плетка и, исто така, се плете до одредена височина (сантиметри). Потоа се одземаат котелци за оформување на облината на ракавот, според дадените објаснувања. Сплетените парчиња се спојуваат со игла за шиење
од истиот материјал (волница).
1. Англиски бод
Почеток на англискиот бод: еден прав котелец, еден наопаку
Прв ред: еден котелец се плете право, вториот котелец се зема со игла за плетење со тоа што се наметнува волницата (не се плете)
Втор ред: Првиот плетен котелец се наметнува на иглата заедно со волницата, а се плете вториот котелец од претходниот ред што е неплетен, заедно со наметката.
2. Пиринач плетка
Почеток на пиринач плетка: Еден прав котелец, еден наопаку
Прв ред: Се плете еден прав котелец, еден наопаку.
Втор ред: Се плете на тој начин што првиот котелец се плете наопаку,
а вториот котелец се плете право. Постапката е иста до крај, наизменично се плете за секој ред.
3. Черга плетка
Почеток на черга плетка: Сите котелци се прави.
Секој ред се плете прав.
4. Дупчеста плетка
Почеток на дупчеста плетка: Сите котелци се плетат право.
Прв ред: Се плете на тој начин што се одземаат два котелци, па се става наметка.
Втор ред: Се плете наопаку.
|
|
|
|