|
|
Линкови www.teteks.com.mk www.sandnesgarn.no |
 |
|
|
Компанијата Teteks Yarn од производствен аспект се состои од две технолошки целини: производство на предива од волнарски тип (волна, волна/акрил, волна/полиестер, волна/полиамид и 100% акрил) по чешлана и влачена постапка со боење на суровина (влакно, трака и топс) и во предиво штрени или калеми.
По влачена постапка на три линии се произведуваат:
• ќебарски предива (100 – 120 тони годишно),
• ткачки предива за велури и твидови (20 – 30 тони годишно),
• тепихарски предива (40 – 60 тони годишно) и
• волница за рачна работа (30 – 40 тони годишно).
По чешлана постапка на 8500 предачки вретена во различни финости се произведуваат:
• ткачки предива со финост Нм 40 до Нм 76 (120–150 тони годишно),
• акрилни трикотажни предива и мешавина од акрил и волна (150–200 тони годишно),
• тепихарски предива (120–150 тони годишно) и
• волница за рачна работа во различни состави и финости (500 – 550 тони годишно).
По барање на купувачот, влачените и трикотажни предива ги боиме во маса. На тој начин се добиваат поголеми еднакво обоени партии предива, погодни за буџетски артикли и помасовно производство. За помали количества вршиме избојување во предиво. Трикотажните предива се во различни финости, состави и типови (ХБ и СТ). Тепихарските предива ги работиме сурови (бели) и во боја по желба на купувачот, а по чешлана постапка (Нм 3-18/3) работиме по нарачка, најчесто во поголеми партии. Волниците ги изработуваме од 100% акрил, мешавини волна со акрил, мохер, со полиамид и акрил, комбинации на вискоза и акрил, мешавини со алпака и др.
Посебна програма е изработката на памучни конци за рачно плетење од 100% памук и мешавини со акрил и вискоза.
Ваквата широка производна палета овозможува Teteks Yarn да биде присутен на пазарот во сите сезони.
Нашето работење е ориентирано на задоволување на домашниот пазар на кој годишно задоволуваме потреби од околу 500 тони волница за рачна работа и 300 тони индустриски предива.Исто така, компанијата годишно извезува околу 450 тони волница и 150 тони индустриско предиво. Извозот се одвива во земјите од Балканот, во Германија, Австрија, Англија и во Франција, со тенденција и желба за проширување.
|
|
|
|