За компанијата
Компанијата за производство на волница и предиво Teteks Yarn, со седиште
во Тетово, Република Македонија, е резултат на соработката и заедничкото
инвестирање на две реномирани и потврдени текстилни компании,
македонската Тетекс АД и норвешката Sandnesgarn, Sandnes, и норвешкиот
ланец на маркети за широка потрошувачка Wigo Eriksen, Holding како заедничко вложување.
Компанијата е конституирана на 12.07.2007 година, а со работа официјално
започнува на 01.08.2007 година. Во овој момент, Teteks Yarn има 256 вработени
професионалци, со огромно работно искуство и желба за понатамошен развој.
Нашите главни предности се:
• високиот квалитет на производите,
• големиот асортиман и капацитет,
• професионалноста во работењето,
• флексибилните производни рокови и
• тенденцијата за развој и модернизација.
Нашата основна цел е задоволувањето на потребите на купувачите на волница
за рачна работа и индустриски предива, како на домашниот,
така и на странскиот пазар.
За основачите
Тетекс АД датира од 1951 година, кога започнува со производство
на влачено предиво.
Со текот на годините компанијата прераснува во вистински гигант
на глобалната текстилна индустрија.
Во 1991 година, започнува трансформацијата на ТЕТЕКС од
општествено претпријатие во приватно акционерско друштво.
Денес, компанијата е целосно приватизирана и раководена од
менаџерски тим, кој несомнено знае да ги трасира патиштата
на успехот низ предизвиците на конкурентните светски пазари.
Норвешката компанија Sandnesgarn, Sandnes е формирана
уште во далечната 1881 година и е лидер во текстилната
индустрија на скандинавскиот пазар.
Во долгиот период на своето постоење, компанијата претрпува
бројни трансформации во насока на модернизацијата на работењето
и денес важи за лидер во производството на влачени
и чешлани предива и волници за рачна работа.
|